
Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски

Сосема очекувано неколку месеци пред секои избори, па така и пред овие локални избори политичките партии ја подгреваат атмосферата пред полетување, се со цел да го освојат вниманието на публиката од една страна, но од друга и да ги мотивираат партиските членови да се вклучуваат во политичкиот процес за билдање на победнички менталитет пред чинот на гласање. Уште од сега се насетува тоа дека владејачката/чките партија/ии веќа на големо го промираат нивниот победнички менталитет најавувајќи убедлива победа на нивните кандидати за градоначалници, што гледајќи од страна без емотивно-интересови и партиски нагони е реално, оти маркетиншки сегмент на сите нивни настапи во јавност делува како нивна стратегија за создавање на филозофија на победници.
За разлика од нив најголемата опозициона партија во секој свој настап се уште делува уплашно и несигурно, но и внимателно како да се уште ги залекува големите рани од својот најголем пораз до сега на било кои избори, па затоа во јавните настапи не манифестираат силина на сигурни победници за нивните градоначалници оти и тие самите не се сигурни за тоа дали изгубената доверба кај гласочот е повратена или се уште гласачите се лути за нивните предходни одлуки. Но факт е тоа дека таквата политичка атмосфера не треба да ги депримира и резигнира, нашиот гласач е молчив и трпелив и секогаш сака на избори да ја искаже својата одлука преку гласачкото ливче. Но ова не значи дека нивната депресивна тактика треба да продолжи и понатака, апсолутно после една година владеење на актуелната власт треба да тргант во офанзива, да тргнат поагресивно во делот на маркетинг за промоција на нивните политки (ако им се нови навистина и им се реални).
Наспроти, македонскиот политички блок кај албанскиот е сосема поинаква слика, а тоа е дека албанскиот дел од владата се ситни на конто на албанската политичка опозиција која на чело го имаат сега веќе политичкиот ветеран и многу искусен авторитетен лидер Али Ахмети кој знае да влече сериозни политички потези со кои создава нов политички капитал кој треба да му донесе бенефит не сега на локални туку според мене и наредната година. Ова значи дека во делот на резултатот за градоначалници кај албанскиот политички блок ќе биде на конто на опозицијата што ќе значи оцртување на нова политичка карта во иднина. Од причини што ова се локални избори на народот преку силна кампања му се сервираат само имиња на кандидати за градоначалници што звучи примамливо за публиката од аспект на тоа кој ќе ни биде градски татко или евентулано градска мајка, но да не заборавиме дека на овие избори се бираат и совети на општините без кои ниту една општина не може да функционира и да носи одлуки за иднината на секоја општина. Токму овој момент е многу значаен за партиските членови кои сега имаат многу поголема можност да бидат на тие листи за советници и нормално со право да очекуваат да се најдат во идните совети и затоа сега е поголема мобилност и нормално поголеми се очекувањата кај секој партиски активист.
Како и секој поединец во нашата држава така и јас можам да си дозволам моја слободна проценка што би можеле да очекуваме ние кои не сме директно инволвирани во изборниот процес но ни значи кој и како во иднина ќе ги менаџира општините. Како човек кој може да разговара отворено, растеретено и растоварено без набој и емоции за тоа кој ќе победи (а некој мора) и кој ќе изгуби (а некој мора) слушајќи ги коментарите на секој еден се остава впечаток дека навистина во делот на градоначалници ќе има убедлива победа на македонската позција (која е дел од власта) заедно со своите партнери кои ќе добијат значителен број на градоначалнички места и исто така на албанската опозиција. Но за разлика од овој дел кој е за избор на градоначалник/чка, за избор на советите политичката слика ќе биде поинаква, овде владејачката гарнитура кај македонскиот политички блок можа да си очекуваат изненадување и својата супериорност да ја заменат со замисленост и зачуденост, зошто вака резонирам, има причина за тоа, кај листи на советници секој политички субјект вклучувајќи тука и независни листи имаат право да се надеваат на резултат.
Овде политичката трпеза е достапна за секого а впрочем со свои советнички листи ќе се напреваруваат и владините партнери ВМРО и ЗНАМ што според мене е сосема коректно од аспект да се пребројат и да знаат кој со каков политички капитал влегува во иднина, за разлика од нив опозицијата предводена од СДСМ ќе се обиде да ги консолидира сите партнери се со цел да имаат подобра позиција за освојување за што поголем број на мандати во советите, е сега овде сериозна улога ќе има партијата Левица која сета своја политика енергија ја вложува во делот на освојување на што поголем број на советници (што ќе им успее) со цел да имаат пресудни влијанија при носење на одлуки во советите. Што сакам да кажам со ова, впрочем партиите на власт ќе го имаат мнозискиот број на градоначалници но кај советите ќе бидат прилично изненадени, што остава простор сите останите партии и независни листи да ја окусат политичката трпеза, овде би требало СДСМ да се обиде да кооптира дел од тие потенцијални грѓански листи кои би било на штета на своите членови, ако успее во тоа може да биде успешна во делот на советничките гласови.
Поука до сите политички партии да бидат спремни за шарено како боите на фирмата Бенетон гласање, или поточно гласање за една листа на советници а за друг градоначалник, што претствува убавина при избор на овој вид на избори. Затоа ние гласачите го чекаме знакот за обавезно врзување при полетување.