Skip to main content
Македонија

Врзано куче влечено со автомобил кај Крива Паланка

14/08/2025  10:06

Шокантен случај на суровост кон животните беше забележан во близина на Крива Паланка, каде куче, врзано за автомобил, било влечено по пат. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како животното лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот. Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено, а неговата здравствена состојба е стабилна.

– Доколку некој сака да го вдоми, може да се започне со процедура следната недела, кога ќе закрепне од траумата. Лицето кое го изврши ова грозоморно дело е идентификувано, и против него ќе бидат преземени соодветни мерки од АХВ и МВР – објави активистката Тања Ололовска Ристевска, која повика: „Да му најдеме домче. После ова, заслужува да живее опкружен со љубов и грижа.“