Skip to main content
Хроника

Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир – тепањето било снимено и со мобилен

26/10/2025  16:05

Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17 часот на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната.

Според пријавата во полиција девојчето било нападнато од две малолетни женски лица, кои ги познавала, а друга малолетничка со мобилен телефон го снимала целиот настан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.