
Денешното утро Недела 11 jануари 2026 донесе снег и снежна идила на повеќе места во Македонија. Сето ова е поради продорот на многу ладен воздух кој се спушта од север кон Македонија. Дува повремено засилен ветер од северен правец.

На табелата која ја објави УХМР може да се види дека утрово на многу места имаме температури под нулата. На табелата можете да го видите количеството на врнежи во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до 7 часот утрово како и висината на снежната покривка исто така до 7 часот утрово.
Врнежите од снег на повеќе места продолжуваат и денес а веќе од попладнево полека тие ќе се намалуваат и ќе престануваат.
