Skip to main content
Македонија

Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово

21/01/2025  11:51

Времето денеска претпладне ќе биде со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, а преку ден ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово.

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка
Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од 2 во Охрид.

УХМР информира дека -5 степени се измерени во Прилеп, -3 во Тетово, Штип, Виница и Куманово, -2 во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Крушево и еден степен во Претор и Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје облачно со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.