Skip to main content
Македонија

Врнежи од снег на неколку патни правци, намалена видливост на Стража и Маврово

17/02/2025  07:42

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слсб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-Попова Шапка, кој во моментов не преставуват пречка во одвивањето на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража и во Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.