Skip to main content
Македонија

Врнежи од дожд во целата земја

26/03/2026  21:06

Од УХМР велат дека за време на вечерните часови и ноќта започнувајќи најпрво од западните делови се очекуваат врнежи од дожд кои за време на раните утрински часови се очекува да се прошират и во источните делови и да ја зафатат целата територија на земјата.

Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави.

Единствено, доколку на места врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на суводолиците и помалите реки (со помали сливни површини), а исто така поради можноста од појава на невреме можни се и локални проблеми во дел населените урбани места.

На планините особено во западните делови врнежите се очекува да бидат од снег и да се зголеми снежната покривка што позитивно ќе влијае на хидролошката состојба во наредниот период.

Поради очекуваниот повремено силен ветер од јужен правец можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро во Охрид каде водостојот на езерото е прилично висок.

На места каде врнежите локално ќе бидат поројни и интензивни предупредуваме на внимателно движење покрај суводолиците и помалите реки.