Skip to main content
Македонија

Врховниот суд со анализа на судската ефикасност: Потребни се нови судии и подобрување на материјалните услови

01/04/2025  15:40

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја заврши анализа на извештаите за работата на судовите за 2024 година, при што беа оценети ажурноста и квалитетот на судската работа. Во текот на проширената Општа седница, беше истакнато дека некои судови постигнале солидни резултати, но некои не успеале да го совладаат приливот на нови предмети, што довело до зголемување на заостанатите случаи.

Вршителот на должност претседател на Врховниот суд, д-р Џемали Саити, нагласи дека оценките и заклучоците од оваа анализа се дел од спроведувањето на принципите на самостојност и независност на судската власт и обезбедувањето на правна сигурност за граѓаните. Според него, потребно е итно пополнување на судовите со нов кадар и унапредување на материјалните и финансиските услови за работа. Намалениот број на судии претставува сериозен проблем за ефикасноста на судството.

Дополнително, се нагласи потребата од континуирана едукација на судиите и финансиска независност на судската власт, кои се сметаат за клучни предуслови за понатамошно унапредување на правосудниот систем во земјата.