Skip to main content
Македонија

Времето денеска: Променливо облачно и нестабилно со дожд и грмежи, температурите до 23 степени

27/04/2025  08:15

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Од вторник времето ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.