Интегрален текст од соопштение за јавност на Коалиција ВРЕДИ:
Во рок од еден месец, се сруши кулата изградена две децении со криминал и корупција. Следниве случаи, сите откриени само во изминатиот месец, зборуваат сами за себе:
- Американскиот Стејт департмент го прогласи Артан Груби за нон грата, означувајќи го како непожелна личност.
- Министерството за внатрешни работи ги претресе домовите на Груби и Бајрами, кои се обвинети за злоупотреба на милиони евра, пари на граѓаните.
- Мирисот на корупцијата им ги сруши нивните лажни шатори, но албанскиот јазик не беше засегнат.
- Бегството го гледаа како пат за спас. Откако ги избркаа граѓаните, дојде моментот да ги спакуваат куферите и да избегаат, први Груби и Бајрами, а другите со една нога се внатре, а со друга надвор од државата.
- На Рамиз Мерко му беше одземен пасошот.
- Гореа возила и локали, но заборавија дека ниту чадот од тој оган не може да ги покрие нивните злосторства. Сега започна горењето на партијата од корен.
- Жртвување на албанската младина, вклучувајќи ги во палење знамиња.
- Истрага за корупција во Домот на културата, со милионски штети на државниот буџет.
- Масовна корупција во Државната лотарија.
- Најсериозното, чисто разоткривање дека вршеле валкана служба за криминалецот, Сашо Мијалков.
- Сериозен обид за враќање на Никола Груевски, преку конкретен и организиран план.
Секоја минута што овие валкани слуги останале на власт предизвикала ненадоместливи штети за Албанците и за нашето национално достоинство. Тие, со целото свое битие, биле посветени на служба на Мијалков и Груевски.
Стотици дискриминаторски и понижувачки дела кон Албанците се реализирани од група луѓе кои дејствуваа под логото на партија што веќе е прогласена за нон грата: ДУИ.