Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ: На граѓаните им требаат дела, а не потписи и хартии! Честитки за проектот „one stop shop„

13/04/2025  12:31

Соопштение на Коалиција ВРЕДИ:

Од првата заедничка меѓувладина средба со Република Косово, до пречекот на првиот премиер од регионот во Владата на нашата земја, до реализацијата на исклучително важен и неопходен проект и за граѓаните и за бизнисот. Некои мислат дека политиката се прави во канцеларија со потписи, ние дејствуваме на терен во реализацијата на проектите од хартија до акција.

Нема веќе долги редици, за девет месеци го направивме она што не беше направено во последните две децении. Системот за движење на граничниот премин Блаца-Хани Елезит, познат како „one stop shop„ систем е долгогодишна потреба за граѓаните на двете земји, но сега е реалност. Овој систем го олеснува движењето на луѓе, стоки и бизнис меѓу двете земји. Ова е извонредно достигнување на зближувањето на двете соседни и пријателски држави, Република Северна Македонија и Република Косово.

Функционализацијата на „one stop shop„ се однесува на едно застанување, кое не е само техничка реформа, туку ќе ги промени границите од застанување до движење и заштеда на време. Граѓаните и бизнисите со години губат многу време чекајќи со часови и непотребни бариери, сега со едно застанување ќе се намалат сите бирократски процедури и ќе се трансформираат во ефикасност.

Овој момент е важен бидејќи без дилеми, тој е чекор кон зголемување на соработката и олеснување на прекуграничната циркулација. Блаца е еден од најфреквентните гранични премини во земјава, каде секоја година минуваат над 4 милиони патници. Со овој нов метод на управување се очекува да се зголеми ефикасноста и да се зајакнат меѓудржавните врски.

Владата на ВЛЕН постапува мудро и брзо, без да дава празни ветувања. Со гордост им претставивме на граѓаните еден ваков значаен проект кој беше на хартија со децении и ние за девет месеци го реализиравме. Ние заедно родолжиме, бидејќи имаме уште многу работа!