Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ го честита Денот на Европа

09/05/2025  11:20

Соопптение за медиуми на Коалиција ВРЕДИ:

На 9 мај се одбележува Денот на Европа. Овој важен датум нè потсетува на еден посебен момент кога беше направен првиот чекор кон создавањето на она што денес е познато како Европска Унија, заснована на вредности, визија и јасен пат. Европската Унија е најголемиот политички проект и најважниот историски процес на мир и просперитет по Втората светска војна.

На Денот на Европа, ние како ВЛЕН го потврдуваме проектот на Северна Македонија за интеграција во ова големо семејство, Европската Унија, и кон остварување на долгогодишниот сон на нашите граѓани да станат дел од оваа политичка организација што носи просперитет и нова надеж.

Чекор по чекор, РСМ се приближува кон Европската Унија. Граѓаните на нашата земја, кои ги прифаќаат и отелотворуваат европските вредности, сега се чувствуваат поблиску од кога било до ЕУ. Ги охрабруваме и поддржуваме реформите во судството и јавната администрација за да бидат што е можно поефикасни, а услугите да им користат на граѓаните.

Овој ден нè потсетува и на нашите обврски што мора да ги исполниме за да се приклучиме кон ЕУ. Значи, борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе биде со нулта толеранција. Транспарентни, одговорни, ефикасни и достапни институции за граѓаните се наши аспирации и наша секојдневна работа што ја работиме.

Нашата земја, Северна Македонија, е неизмерно благодарна на ЕУ за континуираната поддршка што ѝ ја дава на нашата земја. Кон исполнување на нашите обврски и станување место погодно за живеење, место каде што има надеж, место каде што младите можат да ја планираат и градат својата иднина.

Ние, како ВЛЕН, остануваме на мислењето дека патот кон ЕУ е неповратен процес сè до полноправно членство во големото европско семејство!