Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

01/07/2025  08:51

Соопштение за јавност на ВРЕДИ:

По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите” не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал.

Затоа, Али Ахмети мора јасно да одговори: Со кој договор? Со кого беше постигнат? Во чие име? Дали тој договор значеше бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри? Ако е така, тогаш тоа мора јавно да се признае. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна.

ВЛЕН ќе продолжи да го крева гласот за правата на секој Албанец, во земјата и во дијаспората.
Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја.
Ние ја цениме нивното жртвување и сме решени да не дозволиме ниту една политичка измама да го негира нивниот придонес.