Skip to main content
Свет

Вратена контрола врз 16 квадратни километри територија кај Покровск

14/12/2025  17:25

Украина успеа да ја врати контролата врз околу 16 квадратни километри во северниот дел на Покровск, Доњецка област, во текот на изминатите неколку седмици.

Во блискиот Мирноград, украинските единици ги задржуваат одбранбените линии и елиминираат руски единици во приодите на градот, се вели во соопштението.

Се прецизира дека логистиката во зоната останува сложена и украинските единици преземаат мерки за проширување на логистичките коридори до Мирноград.