Skip to main content
Свет

Вработените во повеќе магацини на Амазон во САД започнуваат со штрајкови

19/12/2024  15:11

Илјадници работници на компанијата Амазон започнуваат денеска со штрајкови во повеќе магацини во САД, и тоа се случува во екот на празничната сезона, јавија дел од американските медиуми.

Протестите се резултат на неуспехот на синдикатот да издејствува преговори со компанијата за решавање на некои прашања како склучување договори.

Штрајковите претставуваат сериозен проблем за најглемата онлајн продавница во светот  бидејќи се случуваат во најоптоварениот период со нарачки во годината, за веме на божиќните празници. Притоа, се прецизира дека магацините кои се претставени од синдикати претставуваат само еден отсто од работниците на компанијата кои се платени по час.

Синдикатот „International Brotherhood of Teamsters“ соопшти дека во штрајкот се приклучуваат работници од Њујорк, Скоки (Илиноис), Атланта, Сан Франциско и Јужна Калифорнија, барајќи договори кои гарантираат повисоки плати и подобри работни услови, пренесуваат дел од американските медиуми. Синдикатот изјави дека претставува 10.000 вработени од десет објекти на компанијата во САД. Работници од седум од овие објекти ќе штрајкуваат денеска.

Официјалните претставници на Амазон не ја коментираа оваа информација. Синдикатот очекува почеток на преговори со претставниците на компанијата до сабота, но експертите нагласуваат дека е малку веројатно да има преговори.

-Очигледно е дека Амазон избира тактика на игнорирање на правото на своите работници да се организираат колективно за преговори, изјави Бенџамин Сакс, професоро за труд и индустрија на Правниот факултет на Харвард.