Skip to main content
Македонија

Вработените во Филхармонија утре на протест поради изборот на директор: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори“

20/02/2025  15:01

Вработените во Македонската филхармонија, за утре најавуваат протести поради изборот на директор на институцијата.

Протестoт како што најавуваат е закажан од 11.30 часот пред Министерството за култура.

„Протестот е јавен апел до Министерството за култура да ги почитува законските одредби при избор на директор на конкурсот кој заврши минатата недела.

Во тек е изборот за директор, сакаме да укажеме дека доколку не се избере најдобриот кандидат кој ги исполнува сите услови од конкурсот ќе продолжиме со протести. Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори”, велат вработените во Филхармонија.