Skip to main content
Македонија

Вработени се затруени од кујната на РЕК Битола

25/03/2026  17:38

81 вработен во РЕК Битола, денеска до 15 часот поради стомачни проблеми побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување.

– Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија, изјави Сидиропулос.

Надлежни институции вршат испитување и анализа на проблемот.