Skip to main content
Хроника

Вработена во обложувалница се „послужила“ со 61.000 денари од касата

10/02/2025  18:13

Жена која работела во обложувалница во Куманово доби кривична пријава откако било утврдено дека зела 61.000 денари од касата, соопшти полицијата.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. од Куманово поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во спортска обложувалница во Куманово, на 25.12.2024 од касата одзела 61.000 денари“, велат од МВР.