
Шеесетгодишен вработен во музичко училиште во Куманово, вознемирувал девојче од липковско. Полицијата го приведе.
На 24.02.2026 во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(60) од Куманово. Тој се сомничи дека претходно во музичко училиште, каде што бил вработен, вознемирувал малолетничка од Липковско на тој начин што ја повикувал на средба со него.
Како што додаваат од полицијата, тој е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

