Skip to main content
Хроника

Вработен во Брза помош нападнат од придружба на пациент

11/06/2025  14:25

На 10.06.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(28) од Скопје пријавил дека при извршување работни задачи за Итна медицинска помош, во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил физички нападнат од С.С.(64) од Скопје, кој бил придружба на друго лице пациент. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.