Тежок инцидент се случи попладнево на протестите во Белград.
На улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград женско лице прегази неколку редари а потоа со своето возило влета меѓу насобраните граѓани.
Полицијата во цивилна облека, која ги придружуваше учесниците на протестот во Нов Белград, ја запре жената, која се обиде да побегне.
Incident u ulici Jurija Gagarina!
— Bora (@BoraKonj) January 24, 2025
Devojka teže povređena! pic.twitter.com/4dvmFZclsA
Како што јави репортерот на Фонет, девојката е тешко повредена, свесна е и ја лекува екипа на Брза помош.
Денеска во Србија има генерален штрајк, кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… На штрајкот се одѕваа и синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.