Skip to main content
Македонија

Вознемирувачки фотографии – Вака изгледаат дел од повредените во пожарот во Кочани

16/05/2025  12:03

По пожарот кој се случи во дискотеката “Пулс” во Кочани кој однесе многу млади човечки животи, но остави и многу млади со трајни последици, од Support kocani одлучија да објават неколку фотографии кои се со вознемирувачка содржина, а на кои се гледаат изгореници по екстремитетите и главата, а некои како што е наведено се дури и од полош степен.

Целта на објавувањето на овие фотографии е да се допре со јавноста, до надлежните за тоа колку е сериозна ситуацијата со повредените во Кочани, за кои како што се вели се во стабилна состојба, но повредите остануваат трајно.

По овие фотографии се надеваме дека надлежните ќе ја преземат работата во свои раце и ќе помогнат во санација на онолку колку што може за да може овие млади луѓе да функционираат до крајот на животот, секако финаниската помош е неопходна во ваквите случаеви.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: