Skip to main content
Хроника

Возило во скопски Центар оштетно од заталкан куршум

16/06/2025  17:35

Возило во скопски Центар оштетно од заталкан куршум.

Како што соопштија од полицијата, вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(71).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.