Skip to main content
Хроника

Возило управувано од малолетник излетало од патот во Скопје: Повредени две лица

25/02/2025  11:53

Денеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.