Skip to main content
Хроника

Возило удрило во жителка на кавадаречко Марена, прегазената е со тешки телесни повреди

06/12/2025  13:28

Жителка на кавадаречко Марена се здобила со тешки телесни повреди, откако била удрена од кавадаречко возило, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 16:50 часот, во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на улица „Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Т.(50) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Е.(52) од село Марена, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Е., констатирани во Општа болница – Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци – посочуваат од СВР-Велес.