Skip to main content
Хроника

Возило удрило во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника

06/02/2026  13:30

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул. „Октомвриска Револуција” во Куманово, патничко возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.