Skip to main content
Скопје, Хроника

Возило се преврте – Привремено затворен е патот од Средно Водно кон Нерези

17/06/2025  20:20

Затворен е патот од Средно Водно кон Нерези, поради тешка сообраќајна несреќа. Превртен е автомобил Пежо 307 со нишка регистрација, на една од кривините.

Полицијата го обезбедува патот, се чека увидна екипа на сообраќајната полиција.

Од лице место Вечер дознава дека велосипедистите го пријавиле превртувањето на автомобилот. Кога дошла полицијата, во него немало никој, па се претпоставува дека патниците или патникот – сами го напуштиле местото на несреќата.

Извор/фото: Вечер