Skip to main content
Uncategorized

Возел со забрана, полицијата му го одзеде возилото

12/03/2026  14:56

На 11.03.2026 во 12:15 часот на булевар „Ослободување” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.З.(45) од кичевското село Трапчин Дол. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел зафира” со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека кон него има активна мерка – забрана за управување на моторно возило од „Б” категорија.

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Р.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.