Skip to main content
Хроника

Возел пијан, па удрил во столб – Полицијата уапси валандовец

26/05/2025  14:59

Вчера во 12.30 часот на ул.„Првомајска“ во Валандово, полициски службеници го лишија од слобода Ѓ.Д.(59) од Валандово. Имено, претходно тој со патничко возило „сеат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во столб, а по преземени мерки и вршење увид, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта.

Тој веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известија од МВР.