Skip to main content
Хроника

Возел пијан и излетал од патот, полицијата го приведе

04/07/2025  11:24

На 04.07.2025 околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- с. Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода М.М.(65) од с. Дулица. Тој управувајќи патничко возило „тико”, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.