
Вчера вечер полициски службеници од ОВР Дебар го уапсиле А.Љ. од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, возејќи опел, со дебарски регистарски таблички не застанал на даден знак за запирање и избегал.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата Веби Дибра во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола. Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.