Skip to main content
Хроника

Возачот кој удри во контејнери и паркирани возила во Аеродром избегал по инцидентот, па го бркале и фатиле

09/11/2025  14:25

Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.