Skip to main content
Хроника

Возачот избегал, повредениот пренесен во болница – Нови детали за прегазувањето кај „Јосип Броз“

26/11/2025  20:16

Нови детали излегуваат по вечерашната несреќа откако пешак беше прегазен на пешачки премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје.

Како што дознава 24инфо.мк возачот побегнал од местото на настанот а прегазениот пешак со Итна медицинска помош бил пренесен во болница.

Таму, му биле констатирани неколку скршеници.

Се уште се очекуваат официјални информации од МВР.