Skip to main content
Хроника

Возач во возило ја оштетил влезната врата на „Хераклеа“ во Битола, потоа избегал

26/05/2025  14:08

На 25.05.2025 во 08.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Буковска“ во Битола, патничко возило удрило во влезната врата од главниот влез на археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ и ја оштетил, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.