Skip to main content
Хроника

Возач удрил малолетно момче кое возело тротинет во Тетово, детето е тешко повредено

28/04/2025  19:27

Возач на „Голф“ вчера удрил во малолетно момче кое возело тротинет во Тетово, по што детето е префрлено во болница со тешки повреди, соопшти МВР.

„На 27.04.2025 во 15 часот во СВР Тетово e пријавено дека на ул.„Киро Ристоски– Дрнц“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од с.Шипковица, тетовско и електричен тротинет, управуван од малолетник од Тетово. Во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид“, велат од полицијата.