
Вчера околу 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „Шкода“ удрило во малолетник од Скопје. По несреќата, возачот го напуштил местото.
„Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат од МВР.