Skip to main content
Хроника

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

15/03/2026  14:40

На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран” патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.