Skip to main content
Хроника

Возач нападнат во Скопје – хулигани со „голф“ го нападнале и му го уништиле автомобилот

17/09/2025  16:43

На 16.09.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Г.Д.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, додека управувал патничко возило, неколку лица, биле со патничко возило „фолксваген голф“ се обиделе да му го пресечат патот, со возилото удриле во неговото возило и од прозорецот фрлале разни тврди предмети и му го оштетиле возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.