Skip to main content
Хроника

Возач на здравствено возило фатен со дрога по полициска акција

15/08/2025  09:57

На 14 август 2025 година, околу 22 часот, на улицата „Браќа Миладинови” во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница во координација со ПС Берово го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Р. од Берово, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана и ризла.

Според информациите, по претходно добиени оперативни сознанија, полицијата запрела возило „Дација Сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, управувано од осомничениот. При извршениот преглед, кај него била пронајдена дрогата, по што бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани.

По насоки на обвинителот, Б.Р. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.