Skip to main content
Хроника

Возач и малолетничка повредени откако автомобил излета во Вардар

04/04/2025  10:03

Тетовец и малолетничка се здобиле со телесни повреди откако автомобил со кој се возеле синоќа излетал во реката Вардар во тетовско.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во 19:40 часот на локалниот пат кон селото Челопек, во близина на мостот на Вардар. Патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Т.М. од Тетово, излетало од коловозот и завршило во реката.

– Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, а повредите се констатирани во Клиничката болница Тетово – информираа од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.