Skip to main content
Македонија

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени

20/04/2025  19:08

Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково.

Екипа на Итната медицинска помош –  Скопје е на лице место.

Според првичните информации повредено е едно лице.

Засега нема детали за сообраќајната несреќа и под кои околности дошло до судирот, a повеќе информации се очекуваат од МВР.