
Неколку деца беа повредени откако ролеркостер излета од шините во крајбрежен забавен парк во Велика Британија. Службите за итни случаи пристигнаа во паркот за забава „Кони Бич“ во Порткол, Велс, вчера вечерта откако сведоци пријавија дека атракцијата „Ваки Ворм“ излетала од шините кратко пред 18 часот, објави британскиот таблоид „Сан“.
Полицијата соопшти дека повредени се 13 деца и еден возрасен, а некои морале да побараат медицинска помош.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат возрасни како им помагаат на децата да излезат од возилото. Сведоците велат дека некои од децата имале крв по несреќата. Според извештаите, еден од вагоните останал да виси во воздух, надвор од шините.
„Бевме повикани во забавниот парк Кони Бич во Порткол околу 17:50 часот по несреќа на едно од вoвчињата. Моментално можеме да потврдиме дека 13 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди. На некои им е потребна болничка нега. Забавниот парк ќе остане затворен утре додека полицијата и инспекторите за здравје и безбедност спроведуваат истрага“, соопшти полицијата.
Horror as 13 children injured after fairground ride suddenly ‘derails’ at popular UK seaside theme park pic.twitter.com/tEtGVatJLv
— The Sun (@TheSun) August 13, 2025