Ј.П. Македонија пат известува дека од 14.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан.
Во моментот активни забрани за тешки товарни возила има на следните патни правци и превои:
Гостивар – Маврово-Дебар
Гостивар – Стража-Кичево
Пресека
Плетвар
Ѓавато
Струга – г.п. Ќафасан
М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
Делчево – г.п. Делчево
Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат., информира АМСМ.