Skip to main content
Хроника

Вооружен напад во Бутел, едно лице заврши во притвор

27/12/2024  12:23

На 25.12.2024 полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

На 23.12.2024 на ул. „Бутелска” во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје.

Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.