
Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат, објави Маркукуле.
Лицата неофицијално биле наоружани со огнено и ладно оружје, а засега не се познати причините за настанатиот инцидент.
Полицијата во моментов трага по инволвираните лица… Очекувајте повеќе информации во текот на денот.
Видео од настанот можете да погледнете со клик ТУКА.