Skip to main content
Македонија

ВОНРЕДНА АНАЛИЗА: Силно невреме доаѓа на Балканот, можни се Суперкелии!

28/08/2025  08:49

Под влијание на циконска активност со центар над Џеновскиот залив, во петок и во сабота (29/30 август) целиот регион ќе биде зафатен од поројни врнежи, грмежи, силен јужен ветер а на повеќе места очекувам и појава на силни временски непогоди, проследени со многу дожд (над 50 л/м2 за кратко време) силен и бурен ветер, силни грмежи и громови, појава на крупен град а над Јадранот можна е и појава на пијавица (торнадо).

Ваквата временска состојба, и тоа поради продорот на многу поладен воздух кој од север преку Алпскиот регион ќе се спушти на Балканот и ќе се судри со многу потоплата воздушна маса од југ, ќе се создадат услови и за појава на Суперкелии.

Промена на времето за време на викендот ќе имаме  и во нашата Македонија проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места кај нас, а локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер  и со појава на град. Температурите повторно ќе се намалат од петок, а кај нас во Македонија пад на температурите ќе има за време на викендот.