Skip to main content
Балкан

Војниците на НАТО пристигнаа во Албанија, утре почнува мултинационалната воена вежба „Дефендер Европа 25“

27/05/2025  11:59

Утре, 27 мај, во раните утрински часови, од Зал-Хер, кај Тирана, официјално ќе започне мултинационалната вежба „Дефендер Европа 25“, една од најголемите и најсложените воени операции во последната деценија во Европа и Африка, објави министесртвото за одбрана.

Вежбата ќе ја предводи Европската команда на САД (USEUCOM) во тесна соработка со сојузниците и стратешките партнери на НАТО и ќе трае до 9 идниот месец. Главната цел на „Дефендер Европа 25“ е да се зголеми подготвеноста, соработката и интероперабилноста меѓу вооружените сили на САД, НАТО и партнерските земји

По заминувањето од Зал-Хер, војниците ќе се стацонираат во Центарот за обука Биза, каде што ќе се одвиваат интензивните фази на маневри на тежок терен.

Министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу на социјалните мрежи истакна дека „НАТО и партнерските сили ќе се обучуваат за заштита на критичната инфраструктура, офанзивни и одбранбени операции, како и за безбедност на клучните точки на распоредување“.

Се очекува вежбата да ја демонстрира колективната сила и посветеноста на алијансата кон безбедноста и стабилноста во регионот.

„Дефендер Европа 25“ вклучува серија борбени активности од голем обем во неколку земји во Европа, при што вежбата е структурирана како симулација како одговор на Член 5 на НАТО за колективна одбрана на сојузниците.