Skip to main content
Спорт

Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

20/03/2025  12:12

Нов претседател на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) е Воислав Мерџановски, наследувајќи го на должноста досегашниот прв човек Саша Богдановиќ.

Мерџановски беше избран на вонредно изборно Собрание одржана синоќа во Скопје, откако Богдановиќ поднесе оставка, една година пред да му истече четиригодишен мандат.

Од вкупно 30 присутни делегати на вонредното Изборно собрание, Мерџановски со 18 гласа „за“ беше избран на претседателското место за кое кандидатура поднесе и Оливер Дерковски.

Новиот претседател Мерџановски е ФИДЕ судија и досегашен член на Управниот одбор на ШФМ.