Skip to main content
Свет

Воена вежба на НАТО на балтичкиот брег на Германија

18/02/2026  09:38

НАТО денеска ќе спроведе воена десантна вежба на балтичкиот брег на Германија. Маневрите се дел од тековната голема вежба на Северноатлантската алијанса „Непоколеблива стрела“.

Војниците, оружјето и опремата ќе бидат префрлени на копно по преминувањето на морето преку воениот полигон Путлос во Шлезвиг-Холштајн.

Вежбата во која ќе учествуваат околу 15 бродови и 2.600 војници ќе биде набљудувана од германскиот министер за одбрана Борис Писториус и генералот на НАТО Инго Герхарц.

Герхарц е командант на Здружената команда на сојузниците во Брунсум, Холандија, што е одговорна за одбраната на Централна Европа, од Атлантскиот Океан до источната граница на НАТО.

Во воената „Непоколеблива стрела“ учествуваат 17 бродови од 13 земји, над 1.500 возила и околу 10.000 војници од Италија, Шпанија, Грција и Турција.