Skip to main content
Скопје

Водовод потврди: Голем дел од Скопје вечерва останува без вода додека не се санира дефектот

05/10/2025  22:26

Дефект на водоводба цевка во населбата Вале вечерва остави голем број од скопските населби меѓу кои и Ѓорче Петров, Хром, Влае, Јарпош, Козле, Центар, како и делови Аеродром, Кисела вода, Лисиче…

ЈП „Водовод и канализација“ потврди дека поради дефект на цевка нема вода во половина Скопје, но и дека се работи на остранување на дефектот.

„Ве известуваме дека на ден 05.10.2025 г. поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм.на улица Франце Прешерн 100Д во н.Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активност“ се вели во соопштението од Јавното претријатие.